Актуелно

Млада жена трчала гола во Куманово бегајќи од напаѓачи и барала помош

Пред два дена, на периферијата на Куманово жена на возраст околу 30 години трчала гола барајќи помош, зашто бега од напад, како што кажала самата. Жителите кои ја виделе, кажуваат дека околу 15.30 часот се движела од населбата Карпош кон градот. Кога дошла до првите куќи на улицата Доне Божинов, едно семејство ја прибрало да ѝ помогне пишува сдк.мк.

Луѓето кои ја примиле дома објаснуваат дека жената тврдела дека ја нападнале тројца мажи и целата била изгребана по грбот и нозете.

Од СВР Куманово потврдиле дека настанот е пријавен кај нив, по што полициски службеници излегле на местото и ѝ дале асистенција на медицинска екипа за спроведување на лицето во соодветна установа.

Рекле дека се работи на расчистување на случајот, но не дале повеќе информации.

На почеток