Скопје

(ВИДЕО) Ѓубре и преполни канти за отпадоци на скопскиот кеј, снимката ја сподели Шилегов

Снимка на која се гледа расфрлан смет, сподели ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Локацијата каде е направена е на кејот од реката Вардар, близу галијата чие отстранување беше започнато но не и довршено. Освен расфрланиот шут, се гледаат и препочни канти. Веројатно, ова е последица на вчерашното издание на „Виноскоп“.

Инаку, градоначалничката Данела Арсовска постојано организира акции за чистење. Таа вчера и самата учествуваше во една таква, во Градскиот парк. Вакви снимки беа споделувани и во време на Шилегов, кога граѓаните реагираа на лошата хигиена. Ова на јавноста и остава впечаток дека градот не може да исчисти толку колку што граѓаните можат да расфрлаат

На почеток