Промени тема
Контакт

Ковачевски за признавањето на МПЦ-ОА: Најважниот и најголем чекор е завршен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
280203689_413521390777282_2981321887659788055_n

Премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за признавањето на МПЦ-ОА.

„Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност. Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација“, напиша Ковачевски.

— реклама —

Тој додава:

„Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што нè признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија.

— реклама —

На Светиот Синод на Македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd8430n8bbij6dRC2t05

Свештеник во Скопје се молел за Трамп на Денот на независноста на САД

Скопје | пред 1 месец

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Од бадниковата вечер до божиќната радост: обичаи што го чуваат духот на заедништвото и раѓањето на животот

Трендови | пред 7 месеци

media-libraryun950ciu3ctm6qZMU3I

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Македонија | пред 8 месеци

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања