Фон дер Лајен: Русија е огромна закана за светскиот поредок
Од
Објавено на
Русија е „најдиректната закана“ за меѓународниот поредок поради нејзината „варварска“ војна во Украина, предупреди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Говорејќи по разговорите со јапонскиот премиер Фуми Кишид, таа го спомена и „загрижувачкиот пакт на Москва со Кина“. На самитот присуствуваше и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Руската инвазија на Украина не е само прашање на Европа, туку го тресе јадрото на меѓународниот поредок, вклучително и Азија. Ова не смее да се толерира“, рече јапонскиот премиер.