Актуелно

Марко Пејчиновски кажа која е следната цел!

Марко Пејчиновски најави нов подвиг – 10 препливувања во 10 викенди

“Откако ја започнав својата пливачка кариера, па се до денеска, правам подвизи кои никој до сега ги нема направено. Секогаш гледам да ги кревам стандардите, да направам нешто поголемо, да направам нешто потешко, да го тргнам зборот невозможно од нашиот речник. Да докажам дека и кога нема да успееме треба да ја држиме главата горе и да пробаме пак. Да докажам дека сите можеме да успееме, без разлика на препреките кои ни стојат на патот. Ова лето јас повторно сакам да ги кренам стандардите. Затоа ова лето, јас ќе имам 10 препливувања во 10 викенди и ќе испливам 250 километри. Целта со ова ми е да докажам дека и во Македонија има таленти. И овде има деца кои чекаат да им се пружи рака за да се докажат и дека и ние имаме спортски потенцијал. Сакам да ги поттикнам и другите спортисти за да имаме претставници на секој натпревар, во секој спорт. Заедно да докажеме дека нашата земја не е за потценување. Датумите на препливувањето ќе бидат објавени пред секое пливање. Од вас барам да ме поддржите, знам дека нема да е лесно, но знам дека ќе можам да го направам ова. Поддржете ме мене, но и сите други спортисти, бидејќи ние сме тие кои ја прават државата подобра”, истакна Марко во своето видео обраќање преку кое го најави својот подвиг за годинава.

На почеток