Македонија

Пак се сретнаа, пак не се договорија, но Шаќири дециден: Наредната недела ќе финализираме, ова да е последен штрајк

Министерот за образование, Јетон Шаќири, посочи дека ставовите меѓу СОНК и државата се доближуваат во однос на покачувањето на платите, а договор се очекува на почетокот од наредната недела. Шаќири бара ова да е последен штрајк со прекин на наставата.

„Мислам дека на почетокот од наредната недела, понеделник или вторник ќе имаме договор. Се отворија многу дискусии за колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор наредниот период, па ќе имаме за што да продолжиме со преговори. Ставовите се доближуваат, во другиот дел се изнајдуваат решенија. Побарав разбирање од СОНК и наставниците затоа што имавме добра волја за решение. Знаеме во која фаза бевме со буџетот, која фаза сме и каде ќе бидеме за изнајдување на буџет. Не сакам да споменувам процент. Сакам да е ова последен штрајк и прекинат процес на настава. Можеби во наредниот период ќе имаме потреба од други разговори, но да нема прекин на настава“, рече Јетон Шаќири.

На почеток