Свет

Украина започна контранапад на Изум

Украинските воени сили започнаа контраофанзива недалеку од украинскиот град Изум, каде што ја напаѓаат клучната руска линија на напад на источна Украина, изјави гувернерот на регионот Харков. Голема и успешна контраофанзива на таа руска линија на напредување ќе резултира со тежок неуспех на Москва во битката за Донбас, источноукраински регион што Русија се обидува целосно да го окупира.

Руските сили се обидуваат да се пробијат јужно од Изум, обидувајќи се да ги заобиколат украинските сили кои ја држат одбраната на линијата на источниот фронт. „Насоката Изџум е сè уште најтешкиот дел“, ја коментираше ситуацијата регионалниот гувернер Олех Синегубов на социјалните мрежи.

„Таму нашите вооружени сили тргнаа во контраофанзива. Непријателот се повлекува на некои фронтови, што е резултат на упорноста на нашите вооружени сили“, напиша тој.

Украинските сили повторно зазедоа територија во североисточниот дел на земјата, одбивајќи ги Русите од вториот по големина град во Украина, Харков, во најбрзото напредување откако московските трупи се повлекоа од Киев.

На почеток