Свет

Зеленски кажа во кој украински град ќе се одржи следната Евровизија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе даде се од себе неговата земја да биде домаќин на Евровизија следната година.

Победникот на натпреварот традиционално е домаќин на Евросонг следната година, но со жестоките борби кои се уште траат во Украина, не е јасно каде ќе се одржи догодина.

Кога на Твитер беше предложено дека ако Украина не може да биде домаќин, тогаш Британија која е на второто место да биде домаќинот, министерот за одбрана на земјата Бен Валас одговори: „Вака или онака ќе биде во Украина!“

„Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден! Нашата храброст го воодушеви светот, а нашата музика ја освои Европа“, напиша украинскиот претседател Зеленски на Фејсбук по победата на украинските претставници на овогодинешната Евровизија во Торино.

Зеленски им се заблагодари на оркестарот Калуш за победата и на сите што гласаа за Украина.

„Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во борбата против непријателот не е далеку“, додаде тој.

На почеток