Апасиев открива каква агенда се спроведува во македонското Собрание од ДУИ
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев прашува дали ДУИ заедно со Талат Џафери спроведуваат антимакедонска агенда во македонското Собрание. Ова доаѓа откако Џафери на македонски јазик пцуеше собраниски службеници
„Еден момент кој ни промакна, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот ЏАФЕРИ кон собраниските стафери… Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик! Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа!?“, вели Апасиев.