(ВИДЕО) Објавена снимка: Украинските војници кои го бранат Харков дошле на руската граница?
Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави гувернерот на провинцијата Олех Синегубов на комуникациската платформа Телеграм.
Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно. Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое наводно се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.
„Стигнавме, тука сме“, вели еден од војниците.
Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции соопштија дека офанзивата на Москва во регионот на Донбас е запрена.