Актуелно

„Кусо да е денот кога ви дадовме власт, Оли!“, штипјанка му одговори на Спасовски

Штипјанка му напиша одговори на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако тој цитираше пароли кои посочува дека ги извикувал на протестите заедно со другите демонстранти, во 2015 година.

Целиот напис, во продолжение:

„Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…
Напиша Оли и остана жив….

Ај да му пишам продолжение, оти има некој што памти повеќе од кокошка.
„Оди си“ – не си отиде, вие го пуштивте!
„Збогум Никола“ – не е збогум, до скоро видување е!
„Цензурата е забранета“- не е забранета, нема што да се цензурира сите медиуми ги плативте да ве фалат (со наши пари)!
„Слобода“- ха, слобоно секој да краде без да одговара!
„Готово е“ – да, ама со Македонија!
Кусо да е денот кога ви дадовме власт, Оли!!!

На почеток