Драчево доби вода
ЈП Водовод и канализација – Скопје, го санираше дефектот на ул. Борис Трајковски, кој предизвика прекин на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран.
„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот. Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува
прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. ЈП Водовод и канализација – Скопје, изразува благодарност до граѓаните од овој дел на градот Скопје, за трпението и разбирањето за време на отстранување на овој дефект“, веалат од претпријатието