Актуелно

Британски министер: Сакаме да ја опремиме Молдавија со модерно оружје поради Русија

Луз Трус, британската министерка за надворешни работи, откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно оружје во Молдавија за да ја заштити од Русија.

Таа рече дека земјата, која се наоѓа југозападно од Украина, сака да се види опремена според стандардите на НАТО.

Молдавија во моментов не е членка на НАТО и постои загриженост дека таа би можела да биде идна цел на Владимир Путин по конфликтот во Украина.

„Путин беше целосно јасен за неговите амбиции да создаде поголема Русија – и само затоа што неговите обиди да го заземе Киев беа неуспешни, не значи дека тој ги напушти тие амбиции“, рече Трус за Телеграф.

На почеток