Свет

Руски Гаспром потврди: Суспендиран е гасот

Руски „Гаспром“ го потврди целосното прекинување на испораките на гас за Финска од денеска, поради одбивањето да го плати гасот во рубли.

До крајот на работниот ден на 20 мај, „Газпром експорт“ не добил исплата за испорака на гас во април од финскиот „Гасум“, согласно указот на претседателот на Руската Федерација, се наведува во соопштението, пренесува весникот Известија.

Се додава дека во 2021 година Гаспром Експорт испорача 1,49 милијарди кубни метри гас на финската компанија Гасум, што претставува две третини од вкупната потрошувачка на гас во Финска.

Претходно финското Министерство за енергетика соопшти дека утрово е прекината испораката на руски гас за Финска.

Вчера „Газпром експорт“ ја информираше финската енергетска компанија „Гасум“ дека испораките на природен гас за Финска ќе прекинат утрото на 21 мај, бидејќи Финска не се согласила да го плати гасот во рубли, соопшти финското Министерство за труд и економија.

На почеток