Осудениот криминалец Груевски откри нови работи, дали Арсовска е неговиот контакт?, прашува Каевски


„Вчерашната пресуда за предметот „ТНТ“ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Вообичаено, веднаш по изрекувањето на пресуда со свој став излезе повеќекратниот осуденик во бегство, Никола Груевски“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој додава:
„Но овој пат Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?
Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?
Објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувана од Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го осудуваат и не се оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови.
Заради нарачаките на Груевски ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата.
Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е непроменета, криминална и режимска партија управувана од Будимпешта“.
