Македонија

Прегазен уште еден пешак, овојпат малолетник од Тетово

На 21.05.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица,тетовско патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица, тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На почеток