Македонија

Помалиот раст за 1,4% ќе значи дека за толку дополнително Македонија ќе се задолжи со оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ, реагира опозицијата

„Ребалансот на буџетот кој го направи власта на СДСМ и ДУи е само обичен список на желби кој нема апсолутно никаква реална основа. Впрочем истата неспособна власт која го создаде нереалниот буџет за 2022, нема ништо да подобри во економијата ниту со ребалансот. Напротив кризата ќе се продлабочува, затоа што изворот на енормната криза е самата власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Тие со ребалансот на буџетот кратат капитални инвестиции, што во секоја нормална економија треба да бидат основата на економскиот раст. Дополнително го ревидираат и економски раст на БДП за 1,4% надолу, што значи дека токму за толку дополнително ќе се задолжат.

Ова говори дека долгот ќе порасне далеку над 7 милијарди евра колку што изнесува во овој момент. Очигледно со оваа власт и со нивната неспособност одиме кон должничко ропство.

Отсуството на визија и план на власта, во комбинација со криминалот и корупцијата, ќе се удри по стандардот на граѓаните. Тоа мора да престане. Тоа нема да се случи со ребаланс на буџет, туку со промена на оваа власт на СДСМ и ДУИ“.

На почеток