„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, СДСМ бара зголемување на минимална плата на 27.700 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
trencevska-sobranie

СДСМ бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.

— реклама —

- Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните не се подобрува, напротив, се повеќе граѓаните паѓаат во сиромаштија, а и податоците од минималната синдикална кошничка покажуваат дека мерките кој ги презема владата не даваат никакви резултати. Во исто време цените, место да се намалат, тие се зголемуваат. На едно четиричлено семејство, според податоците, му требаат 62.021 денари за да може да го помине месецот, а со минималната плата од 22.500, семејствата навистина се борат со сиромаштијата, рече Тренчевска.

— реклама —

Таа појасни дека во земјите во регионот, владите ја покачија минималната плата на 600, 700 или 800 евра, а ние остануваме единствена земја, каде минималната плата е 22.500 денари.

- СДСМ како партија има легитимно право да поднесе ваков предлог закон затоа што во изминатиов период од 7 години владеење, навистина покажавме како треба да се креираат политиките во однос на животниот стандард на граѓаните и во однос на покачување на платите, рече Тренчевска.

Со овој предлог закон СДСМ бара минималната плата да биде зголемена на 27.700 денари со исплата на ноемвриската плата, во месец декември 2024 година, за да можеме согласно методологијата во март 2025 година, да зборуваме за минимална плата од 30 илјади денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Македонија | пред 3 дена

kocevski-1

Државниот обвинител Коцевски се повлече од функцијата непосредно пред седницата за негово разрешување

Македонија | пред 3 дена

Sobranie-zgrada

Денеска пред пратениците разрешувањето на Коцевски и резолуцијата за миграциите

Македонија | пред 3 дена

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања