Свет

Ново предупредување за најновите предизвици од СЗО

Светот се соочува со сериозни предизвици, вклучително и Ковид, војната во Украина и мајмунски сипаници, рече шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус за време на говорот во Женева.

Експерти од здравствената агенција на Обединетите нации се состанаа во еден швајцарски град за да разговараат за појавата на мајмунски сипаници во 15 земји надвор од Африка, објави Би-Би-Си.

Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и Израел, но ризикот за општата популација е низок.

Сипаници – вирусот кој најчесто се забележува во оддалечените делови на централна и западна Африка – не се пренесува така лесно меѓу луѓето и текот на болеста е генерално благ.

Повеќето луѓе кои се разболуваат од вирусот се опоравуваат за неколку недели, објави британската служба за јавно здравје.

Жешките точки што избувнуваат во западноевропските земји ги изненадија научниците, а британските здравствени власти издадоа нов совет, велејќи дека контактите со висок ризик треба да се изолираат три недели.

Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица.

Во меѓувреме, се очекува денеска да има уште нови потврдени случаи во Британија, јави Би-Би-Си, пишувајќи „Гардијан“.

На почеток