Русите го „издале“ Путин?
Еден руски офицер решил да ја напушти службата бидејќи сфатил дека војната во Украина не е битка во која сака да учествува.
Во интервју за Си-Ен-Ен, тој кажа што го навело да поднесе оставка.
„Бевме валкани и уморни. Луѓето околу нас умираа. Не сакав да бидам дел од тоа, но бев“, рекол војникот, додавајќи дека отишол да го бара својот командант и дал оставка на лице место.
За негова безбедност, CNN не го откри неговиот идентитет.
Овој Русин не е единствениот кој одбил да се бори, бидејќи како одминува времето на виделина излегуваат приказни за многу слични случаи. Професионалните војници и регрути одбиваат да учествуваат во војната и ја напуштаат службата.
Проценките на западните официјални лица велат дека руските сили се борат со големи загуби во Украина.
Британската агенција за разузнавање и безбедност наведува дека некои војници дури и одбиле да извршуваат наредби.
Си-Ен-Ен не доби никаков коментар од руското Министерство за одбрана на оваа тема.
Војникот вели дека бил дел од масовната акумулација на војници во западна Русија, што предизвика стравувања за Украина низ целиот свет.
Тој вели дека не размислувал многу за тоа, дури ни на 22 февруари, кога од него и остатокот од неговиот баталјон било побарано да ги предадат своите мобилни телефони додека биле стационирани во Краснодар на југот на Русија. Тие не добија никакво објаснување. Таа ноќ тие поминаа часови цртајќи бели ленти на воените возила. Им рекоа да го измијат и да ја напишат буквата З.