Македонија

Струмичкиот градоначалник згрозен од наставникот кој сексуално злоставувал ученичка: Мора да се казни!

Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица, е згрозен од наставниот кој предавал во училиште во неговата општина, а кој сексуално злоставувал ученичка која не наполнила 14 години. Тој на социјалните мрежи побара одговорност.

„Ред, дисциплина и одговорност мора да има, секогаш и секаде во општина Струмица. Како човек и градоначалник сум згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете. Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители“, напиша градоначалникот.

Монструозно: Наставник од Струмица сексуално нападнал ученичка

На почеток