Мицкоски: Да чекориме обединето кон заштита на нашиот идентитет, честитки до МПЦ-ОА
„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој додава:
„Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи.
Да продолжиме да чекориме обединето.
Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.
После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!
Нека е за многу години!“.