Скопје

Со донации се опремува спортскиот центар „Марко Божиновски“: Парите место за млади таленти, ќе одат на столчиња и други зафати

Потребни се средства за околу 2000 столчиња за опремување на спортскиот центар во Ново Лисиче – „Марко Божиновски“. Ова на социјалните мрежи го објави Јорданка Ивановска-Јоци. Таа го искритикува актуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски за кој рече дека единствено се појавил на сликање, а не направил ништо за спортскиот центар.

„Ете, нема ни столчиња! Фондацијата ,,Марко Божиновски” беше формирана со цел помош на талентирани млади ракометари, но поради незаинтересираност на локалните власти да вложат во основни нешта во спортскиот центар, нивната работа и имено обврска, сега мора да им ја вршат граѓански здруженија. Парите место за млади таленти, ќе одат на столчиња и други зафати, кои, треба да ги плати имено Муцунски и Аеродром, но тоа не го прават!

Очигледно е дека Општина Аеродром не вложи ништо во инфраструктурата, единствено #Тимчо #Муцунски само се појави за сликање. И толку. Но, за тоа другпат. За оние кои сакаат да донираат, повеќе детали на линкот: Фондација „Марко Божиновски“ https://markobozinovski.org/doniraj/, од странство прекуинтернационалната платформа GoFundMe: https://gofund.me/c749fc50“, објави Јоци.

На почеток