Меѓу убиените во Тексас е и учителката Ева Морелес
Од
Објавено на
Меѓу убиените во масакрот во Тексас е и наставничката во четврто одделение Ева Морелес, јавуваат американските медиуми.
Морелес работела во училиштето 17 години, изјавила нејзината тетка. На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мајка и сопруга и дека сакала да трча и да планинари.
„Бесен сум што ова не запира, овие деца се невини, оружјето не треба да биде достапно за секого. Ова е мал град, мој роден град, тешко ми е да замислам сето ова да се случи. Сè што можеме да направиме е многу да се молиме за нашата земја, државата, училиштата, а особено за семејствата на сите жртви“, напиша тетката на убиената Ева Морелес во изјава за медиумите.