Убиецот пред масакрот во Тексас и испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“


18-годишниот Салвадор Рамос вчера уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Увалде, Тексас. Убиецот е убиен по размена на оган со полицајци. Пред масакрот, Рамос на социјалните мрежи објавил фотографии од оружјето што го купил за својот 18-ти роденден.
Непосредно пред пукањето на фотографија од оружјето означил непозната девојка. “Имам мала тајна. Сакам да ти кажам. Биди благодарен што те означив”, и напишал тој во дописот на што таа одговорила: “Тоа е страшно. Едвај те познавам, а ти ме означи на слика со некое оружје“.
Рамос пред масакрот во училиштето пукал и во својата баба која е критична и во болница се бори за живот.
Осомничениот 18-годишен напаѓач купил две пушки на својот 18-ти роденден, изјави сенаторот од Тексас, Роланд Гутиерез. „Тоа беше првото нешто што го направил кога наполни 18 години“, рече тој.
