(ФОТО) Молење и бегање во Карпош 4: Пешаци наместо на пешачки скокаат жардиниери, полицијата ги брка
Полицијата е без милост кога во прашање е почитувањето на правилата и прописите од страна на пешаците. Во текот на целиот ден, во Карпош 4, во делот каде имаше два смртни случаи за една година, изрекоа десетици казни. Ова е првпат да се спроведе ваква акција во овој дел на општината.
Дел од пешаците кои скокаат преку жардиниери се жалеа и бараа да им биде простено. Но, службениците издаваа платни налози.
Дел од пешаците се обидуваа и да избегаат од полицајците, па кога ќе прескокнаа на другата страна од булеварот Партизански одреди, со трчање одеа позади трговскиот центар кој се наоѓа во близина.
Инаку, полицијата секојдневно издава стотици платни налози поради сообраќајни прекршоци.