ВИДЕО: Заклучени пратеници и хаос во Собрание!
„Заклучени пратеници и хаос во Собрание!“, реагира Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, додава тој.
Бидејќи микрофоните во салата беа исклучени, а јавноста не може во живо да ги следи седниците поради тоа што Собранието нема можност за тоа, пратеникот Бојан Стојаноски се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:
„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.