Актуелно

„Ова е насилие, скандалозно однесување“, Стојаноски револтиран од Џафери кој ги заклучи пратениците во собраниска сала

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се револтирани од односот на собранискиот спикер Талат Џафери. Пратеникот Бојан Стојакоски посочи дека загубената контрола на Џафери се прикажува на дело.

„Заклучената врати нема да спасат никого од одговорноста. Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во салата. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници Скандалите во Собранието продолжуваат“, објасни Стојаноски.

Тој претходно бидејќи немаше Џафери ги исклучуваше собраниските микрофони, а јавноста можеше да гледа само визуелно, се вклучи во живо на Фејсбукот од неговиот колега Миле Лефков да искоментира што се случува зад затворените врати во Собранието.

ВИДЕО: Заклучени пратеници и хаос во Собрание!

На почеток