Актуелно

11 бебиња загинаа во пожар во болница

Најмалку 11 новороденчиња ги загубија животите во пожар во неонаталното одделение на регионалната болница во градот Тивауан во Сенегал.

Ова денеска го соопшти претседателот на таа земја, Маки Сал.

Според прелиминарните резултати од истрагата, причина за пожарот е краток спој, изјави за локалната телевизија министерот за здравство на Сенегал, Андулаје Диуф Сар.

Претседателот Сал, кој е во државна посета на Ангола, упати длабоко сочувство до мајките и нивните семејства, пренесува Ројтерс.

Градот Тивауан е оддалечен околу 120 километри од главниот град Дакар.

На почеток