Украинските бегалци ќе мора да ги напуштат бугарските одморалишта на Црното Море поради почетокот на летните одмори

Десетици илјади украински бегалци кои се засолниле во бугарските одморалишта на Црното Море ќе мора да заминат до 1 јуни поради намалените владини субвенции и почетокот на сезоната на летни одмори.
Откако Русија изврши инвазија на 24 февруари, а Украинците почнаа да бегаат од земјата, Бугарија, како и многу други земји од централна и источна Европа, реши да им помогне, да ги прифати и да обезбеди сместување, пренесува Ројтерс.
Бугарија нема граница со Украина и бегалците мораа да патуваат преку Романија.
Од 97.000 бегалци од Украина кои моментално се во Бугарија, околу 60.000, главно жени и деца, се сместени во одморалиштата, а бугарската држава им обезбедува 40 лева (22 долари) по лице дневно.
