Македонија

Џафери нѐ држеше како заложници, тоа е кривично дело за кое се оди во затвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски посочи дека собранискиот спикер Талат Џафери го држел него и неговите колеги како заложници во собраниската сала, заклучувајќи ги вратите. Тој смета дека ова дејствие на Џафери е казниво и дека е кривично дело.

Во текот на вчерашниот ден Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува.
Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери“, посочи Стојаноски.

Тој е дециден дека одговорност ќе има.

„Секој кој мисли дека заради припадноста на една политичка партија од која никој досега не одговарал за ништо, а ја испокрадоа цела држава ќе се спаси – се лаже. Останува во наредниот период да бидеме сведоци на релативизирањето од страна на СДСМ и Ковачевски, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“. Апелираме до сите граѓани, медиуми и претставници на меѓународната заедница одблиску да ги следат овие случувања, бидејќи во Собранието на Република Македонија не владее нормална и работна атмосфера. Затоа изборите се единствено решение“, додава Стојаноски.

На почеток