Македонија

Талат го изгуби кредибилитетот со заклучувањето пратеници во сала, вели Апасиев и понуди опција за разрешување

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со остра реакција за Талат Џафери, откако спикерот вчера заклучи пратеници во собраниска сала.

“Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација.

Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот”, вели Апасиев.

На почеток