Актуелно

Кадиевска Војновиќ: Сите влади на држави итно интервенираа за да спречат инфлација, додека кај нас не лажеа дека инфлација нема

Инфлацијата како феномен е во рацете на централните банки, меѓутоа и владите во оваа епизода влегоа со мерки или со даночна политика или со замрзнување на цени или со интервенција со стокови резерви, дури и САД кај нафтени деривати, со цел да го намалат овој притисок кој што е оценет од страна на понудата, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ во нејзиното денешно гостување во Утрински брифинг, додавајќи дека нашата Влада почна да реагира со задоцнување од шест месеци од почетокот на економската криза која ја предизвика КОВИД пандемијата, бидејќи на почетокот не убедуваа дека средства има, дека во Македонија нема инфлација.

Во однос на енергетската криза таа додаде дека, во периодот кога беше најпотребно во Македонија производството на електрична енергија беше 33% од вкупната побарувачка, што е за два пати понизок од македонскиот просек и за што во тој период за покривање на домашната побарувачка мораше да се увезува скапа електрична енергија.

Кадиевска Војнокиќ посочи дека поради таквото нерационално менаџирање со капацитети за производство за електрична енергија, од државните девизни резерви требаше на ЕСМ да му се префрлат 170 милиони евра, при што сепак не знаеме дали со тоа ќе дојде до стабилизирање на снабдувањето со електрична енергија.

„170 милиони евра буџетски средства се префрлени на ЕСМ за да се стабилизира пазарната цена да не плаќаат домаќинствата повисока цена, заради тоа што во оние критични месеци немавме доволно домашно производство и увезувавме скапа струја. Тие 170 милиони се губење на девизни резерви, тоа е девизен одлив од економијата. Во буџетот тие даваат се, но не кажуваат дали оние 76 милиони евра што ги испланирале се за ЕСМ до крајот на годината. Дали од сега натаму ќе ја стабилизираат повторно цената преку овие трансфери кон ЕСМ“, рече Кадиевска Војновиќ.

Во однос на предлог ребалансот кој што владаат го одобри и сега се очекува да влезе во собраниска процедура, Кадиевска Војновиќ вели дека, од власта не кажуваат дали после носењето на ребалансот во јуни ќе имаме стабилизација на состојбата во Македонија, како во енергетскиот сектор, економската и финансиска криза и така натаму.

Потенцираше дека ако нема продолжување на мерката за ослободување од ДДВ кај основните прехранбени производи и повластената стапка од 10% ДДВ за нафтените деривати, мерка која истекува на крај на месецот, тоа последователно ќе значи покачување на цените на продуктите и производите, што овој пат нема да биде поради надворешни влијание туку поради внатрешни.

„Не кажуваат дали ќе имаме стабилизација на после јули, ги прекинуваат мерките за ослободување од ДДВ за основни производи за човечка исхрана, не кажуваат дали исто така ДДВ-то од повластена стапка што е 10 ќе го вратат на 18 за промет на нафтени деривати, не кажуваат дали онаа искомплицирана методологија за акцизите дали повторно ќе ги вратат акцизите како и претходно, значи ништо не кажуваат. Во буџетот, ако го видете, они не кажуваат со кои мерки од даночна страна и понатаму ќе се борат за инфлацијата. И сега во јуни може да очекуваме ако имаме, да кажеме на пример, враќање на ДДВ 5% за леб и за оние основни производи, ќе имаме зголемување на цени на тие основни производи. Ако кај акцизите имаме враќање на старо, ќе имаме зголемување и на цени нафтени деривати, меѓутоа не заради светско движење туку заради корекција во овие даночни стапки. Зошто не кажуваат, немаат доволно средства? Го оценија ефектот колку изгубија од буџетот?, запраша Кадиевска Војновиќ додавај ќи дека она што не го гледам во буџетот е од приходна страна кои мерки ги задржаа.

Во однос на расходната страна на предлог ребалансот на буџетот, Кадиевска Војновиќ вели дека власта тврди дека со него го штитат стандардот на граѓаните и фирмите, но не кажуваат и не прецизираат како точно ќе го направат тоа и кои средства за што се наменети.

„Е сега од расходна страна, викаат штитиме стандард на граѓани и на фирми. 76 милиони евра јас сакам да знам конкретно за што. Ние така потрошивме 430 милиони евра, по оценка, за две години за антикризни мерки за 20 и 21, а одредени средства не се специфицирани каде се отидени. Ниту имаше план, ниту имаше ефикасно планирање, ниту ефикасна реализација, тоа го констатираше Државниот завод за ревизија. Истото и сега го сакам, 76 милиони евра дали се трансфери за ЕСМ? Кажаа 3,2 милијарди денари, околу 50 и нешто милиони евра за земјоделие. Што за земјоделие, кои култури, пченка, пченица, оние култури кои ќе бидат дефицитарни на светскиот пазар? Нека кажат 50 милиони евра дополнителни субвенции за кои култури и за кои што ќе субвенционираат. Ќе субвенционираат овој период некој помалку значајни култури или оние кои што ќе имаат дефицит на светскиот пазар“, вели Кадиевска Војновиќ.

To Top