Актуелно

Се појави Бранко Црвенковски

На дебатата која денеска се одржува во Клубот на пратеници организирана од Советот на амбасадори е и поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски.

Ова е неговово прво појавување во јавноста по долго време. Тој се осврна на Македонија и патот по кој таа чекори.

„Во моментов се однесуваме како почетокот на преговорорите цел да е сама по себе,а не само една етапа која води до конечната цел членство во ЕУ“, изјави Бранко Црвенковски.

Тој зборуваше и за процесите внатре во ЕУ, додавајќи дека тоа можеби е и разбираливо поради негативните моменти при проширување кои ги имаше Романија и Бугарија.

„Односите со Бугарија се полоши по потпишувањето отколку пред потпишувањето на договорот“, додаде Црвенковски.

На почеток