Актуелно

Николовски: Рекордно искористени палки за еден ден, спречена појава на град во над 80% од прогнозите

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, синоќа објави дека авионите искористиле рекорден број на палки за засејување на градоносни облаци, со што била спречена штета по земјоделските посеви во поголемиот дел од прогнозите.

„Преку навремената реакција на УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви“, објави министерот на социјалните мрежи.

To Top