Коментари

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Професорот Ивица Милевски се огласи по вчерашното невреме во Скопје. Тој вели дека уште во 2016 предупредувале за вакви појави на пороен дожд кои во иднина ќе ги има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки.

„Веројатно многумина се сеќаваат дека катастрофалната Скопска поплава во 2016-та година, за тогашните (партиски послушници) беше „Божја работа“, „Божја казна“, „чудо невидено“. Кога пишувавме и кажувавме дека страшните последици се и ради човечката „аљкавост“, „неодговорност“ и „нестручност“, истите тие не отераа во 300 пм. Уште тогаш (но и претходно), предупредувавме дека вакви појави на пороен дожд, ќе има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки. Всушност еве што напишавме тој август 2016, ама кај нас нели, секое чудо за три дена. Се правеше по нешто ваму-таму, но се пропушти приликата да се направи една сеопфатна, интегрална, вистинска мултидисциплинарна студија за целиот регион и да се спроведат соодветни мерки (ама тоа е посебна тема).

И само да напоменам дека денешниот дожд во Скопје и неговиот интензитет, „не се ништо“ во однос на дождот од 6.08.2016 (>90 mm/4h; 43 mm/h peak; 2 mm/min/15 min max), а особено во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски.

На почеток