Коментари

Легендарни преработки на „Брзај, брзај прваче“: Ич не брзај! Кретениве уште учебници немет испечатено

Легендарната песничка која почнува со зборовите „Брзај брзај прваче кон школскиот двор те чека учителка со мајчински збор“ и за овој почеток на учебната година доби своја преработка. Преку неа, се искажуваат критики за образовниот систем, но и наставниот кадар. Твитерџиите пред првиот училишен ден на првачињата, објавија дел од стиховите кои имаат рима и смисла, а дел се и сурово реални.

„Брзај брзај прваче
кон школскиот двор
те чека партиски вработен кадар
на шест месечен договор.

Учебници за тебе нема
тоа е нова шема
забава за ДУИ се спрема
парите ни ги зема“.

„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чекаат учителки на Вентор“.

„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чека учителката
со погрешен збор“.

„Брзај, брзај прваче
Кон училишната врата
Те чека учителка
Со зголемена плата

За букви, сказни, песнички
Ќе учиш ти без брига
Некаде во април
Ќе добиеш и книга“.

Но освен преработки на песничката за првачињата, има коментари и за најмалите кои денеска првпат седнуваат, но и за оние кои не седнуваат во училишните клупи.

„Ич не брзај прваче! Кретениве уште учебници немет испечатено“.

„Уште прваче да требаше годинава у школо да носам. Плаче дете, плачам јас. Ај да поспиеме, ќе одиш утре“.

„Јас ко се упишував за прваче, сам ме пуштија со едно тетратче по тесни и широки. Пешачев 8 км преку реки и ридови“.

„Јас кога бев прваче се сеќавам само вода ми истурија за со лесно да ми биде школото… што е ова сега забави, торти, пакетче за првачиња“.

„Син ми прваче, му надробив салата, акнавме по две ракии и го пратив прв ден у школо“.

„Вчера му направивме торта со “среќно прваче” поканивме другарчиња од маало, во игортеката ни пуштија убава детска музика. И денеска среќен и тој и јас и мајка му го однесовне на школо. Нека му е среќен првиот училишен ден на нашиот мал Ајнштајн…“.

„Нашето #прваче е повозбудено дека на баба ѝ е роденден отколку што почнува на училиштесреќно на сите првачињааа“.

На почеток