Актуелно

Професорка објаснува зошто се поплавија улиците по вчерашното невреме

Проф. д-р Дивна Пенчиќ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека една од причините за неистекување на водата по вчерашното невреме се „жардињерите“ долж булеварите.

„Зошто толку се затнаа улиците?
Една од причините за неистекување на водата се и оние тн „жардињери“ во кои го „заробивме“ зеленилото долж булеварите и покрај зградите!
Сакајќи да го решиме проблемот со газење на тревата и паркирање по зленилото, на некој градоначалник и неговите архитекти им текна да го заградат со ѕидчиња!

Е сега нема како водата од улците да се впие при обилни дождови! Ниту една атмосферска канализација не може да се направи со капацитет кој може вакви обилни поројни дождови да ги прифати, и така не се ни проектира. Улиците немаат толков профил за да се стават цевки со поголеми профили, а има и други инсталации кои се водени под улиците. Затоа се планира зеленило кое не е во „саксија“ и тоа треба да впие дел од водата.

Дополнително, кога сите градски површини и јавни и приватни по дворови, ќе се избетонираат, пополочат и тоа со непропусни/непорозни материјали, резултатот е дека градот е еден ГОЛЕМ БАЗЕН, кој се преплавува.
Е тоа е“, се вели во објавата.

На почеток