Свет

Вучиќ и Путин ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.

Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.

Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.

Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.

„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.

На почеток