Свет

Белорусија најавува воени вежби долж границата со Украина

Белорусија ќе спроведе воена мобилизациска вежба во близина на украинската граница во јуни и јули, пренесува државната новинска агенција БелТА.

Вежбите ќе се одржат во регионот Гомел на југ, кој се граничи со зоната на исклучување околу местото на катастрофата во Чернобил. На исток се граничи со Русија.

Белорусија во март соопшти дека нејзините вооружени сили не учествуваат во војната во Украина, но служеле како платформа за Русија да испрати илјадници војници преку границата.

На почеток