Русија ја поздрави одлуката на Јужна Осетија да го прекине референдумот
Русија ја поздрави одлуката на Јужна Осетија да го прекине референдумот.
Москва смета дека е многу логично што претседателот на Јужна Осетија, Алан Гаглоев, го суспендираше указот на неговиот претходник Анатолиј Бибилов за одржување референдум за присоединување кон Русија, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
„Со оглед на тоа што иницијативата на поранешниот претседател Анатолиј Бибилов не беше договорена со нас, сметаме дека е разумна одлука на новиот шеф на државата да го суспендира указот од 13 мај за распишување референдум во Република Јужна Осетија“, рече Захарова, во духот на принципот на блиска билатерална координација меѓу Русија и Јужна Осетија за важни прашања, пренесува ТАС С.
Таа посочи и дека прашањето за одржување на референдумот „потребна е внимателна анализа и дискусија меѓу двете земји за начините на нивна понатамошна интеграција“.
Захарова, исто така, рече дека Москва многу ја почитува „желбата на братскиот народ на Јужна Осетија да ја градат сопствената судбина заедно со Русија“.
„Со признавањето на Јужна Осетија во 2008 година, Русија ја презеде одговорноста за нејзината безбедност и мирна иднина, а нашите земји постојано се на патот на интеграцијата“, нагласи Захарова.