Актуелно

Споредба: Пред 14 години Македонија по поскапа цена купувала нафта, а ја продавала поевтино

Експратеникот Илија Димовски направи спроедба за тоа колу чинела нафтата во 2008 година во светски рамки, а колку во Македонија. Тој доаѓа до заклучок дека за барел нафта се плаќало 140 денари, а во Македонија се продавала по околу 75 денари. Во 2022 нафтата чини поевтино во светски рамки, а се продава поскапо дома.

„На 02.06.2008 година барел нафта чинеше 140 долари а цената на бензинот беше 75,5 денари додека на дизелот 74,5 денари. Денес 01.06.2022 година барел нафта изнесува 120 долари а цената на бензинот е 104 денари додека на дизелот е 95 денари“, пишува Димовски.

Тој потенцира и колкав процент од цената зема државата.

„45 денари одат за државата (ДДВ, АКЦИЗА) и разни пресметани трошоци“, додава Димовски.

 

На почеток