Денеска започнува одбележувањето на големиот јубилеј на кралицата Елизабета
Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои учествуваа на прославата на „платинестиот јубилеј“ во пресрет на четиридневните забави, паради и државни празници, со кои се одбележуваат нејзините рекордни 70 години на британскиот трон, пренесува Ројтерс.
Кралицата слави седум децении од владеењето со низа свечени настани кои започнуваат денес и траат до недела, а Елизабета е првиот британски монарх што го прославува платинестиот јубилеј.
Се очекува милиони луѓе ширум Британија и светот да се приклучат на прославите во чест на 96-годишната кралица, соопшти британската влада.
Денеска, заедно со почетокот на јубилејот, се одбележуваат 69 години од крунисувањето на Елизабета, која стана кралица по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести во февруари 1952 година.
Прославата започнува со воена парада во центарот на Лондон, а кралицата ќе поздрави 1.500 војници и офицери од балконот на Бакингемската палата.
Останатите членови на кралското семејство, вклучително и синот и наследникот на принцот Чарлс (73) и неговиот најстар син, принцот Вилијам (39), ќе вршат други церемонијални должности во нејзино име, иако многу внимание ќе им се посвети на оние кои нема да бидат присутни.
Не се очекува да присуствува вториот син на кралицата, принцот Ендру (62), кој постигна договор во февруари во врска со тужбата во САД во која е обвинет за сексуално злоставување жена, наведува британската агенција.
Нејзиниот внук принцот Хари, кој живее во Лос Анџелес со сопругата Меган, исто така ќе отсуствува кога кралското семејство ќе се собере денес на балконот на палатата за да ги гледа летовите на модерните и историски авиони на Кралските воздухопловни сили по парадата, според до Ројтерс.
Во петок во лондонската катедрала Свети Павле ќе се одржи служба на благодарност, додека членовите на кралското семејство во сабота ќе присуствуваат на коњичките трки на познатото дерби Епс.
Подоцна ќе се одржи концерт пред Бакингемската палата каде ќе настапат рок групата Квин и американските пејачки Алиша Кис и Дијана Рос.
Официјални лица проценуваат дека во недела во Британија ќе се одржат повеќе од 16.000 улични прослави, а владата најави дека ќе се одржат околу 600 „Големи јубилејни ручеци“ во 80 земји, од Гренланд до Нов Зеланд, додека прославите се очекува да завршат со свечена поворка низ британската престолнина, според Ројтерс.