Шолц: Mораме да го забрзаме воведувањето на обновливите извори на енергија
Од
Објавено на
Германија не може да си дозволи предолго да планира и воведува обновлива енергија со цел земјата да се ослободи од увозот на фосилни горива од Русија и други земји, изјави во средата канцеларот Олаф Шолц.
Во таа смисла, германскиот премиер вети дека ќе ја забрза динамиката на енергетската транзиција, пренесува Ројтерс.
– Ќе треба да отстраниме многу наталожени пречки од патот – рече Шолц.