Магазин

Во КИЦ Тирана отворена изложба на Мухамет Керпачи

Вчера вечер во просториите на македонскиот културен центар во Тирана, Албанија настапи триото „Аперто“ од Скопје и се отвори изложба на познатиот сликар од Тирана, Мухамет Керпачи. Настанот беше во организација на Културно-информативиот центар на Република Северна Македонија во Тирана и винаријата „Шехи“ од Тирана.

Посетителите уживаа во прекрасната изведба на познати класични музички автори, вкусовите на тиранското вино и во сликите од мајсторот Керпачи.

Изложбата ке биде отворена од 1 до 15 јуни.

На почеток