Актуелно

(ВИДЕО) Маж уби две жени на паркинг во црква, а рани две лица на гробишта во Висконсин

Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби, а во второто пукање две лица се ранети на гробишта во Висконсин, јавува Ројтерс.

Пукањето во Ајова се случило во четвртокот, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото, пронашла тројца мртви, велат од канцеларијата на шерифот.

Во меѓувреме, две лица се ранети во второто пукање во четвртокот на гробиштата во Рајсин, Висконсин, кога напаѓач испукал неколку истрели кон луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти полицијата.

Едната жртва била пренесена во локалната болница и пуштена, а другата е префрлена во болница во Милвоки, при што се здобила со сериозни повреди, изјави претставник на полицијата, истакнувајќи дека сè уште се трага по напаѓачот.

Вчера американскиот претседател Џозеф Бајден го повика Конгресот да го забрани офанзивното оружје, да ги заостри процедурите за лиценцирање и да спроведе други мерки за контрола на оружјето за да го реши проблемот со масовните престрелки, јавува Ројтерс.

На почеток