Свет

Хрват ранет на бојното поле во Украина

Хрватски државјанин кој се борел во Украина, дознава Јутарњи лист, неодамна бил ранет во битка на бојното поле и се очекува да се врати во Хрватска.

Ова го потврдија од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

„Ја потврдуваме информацијата за повредениот хрватски државјанин во Украина, кој со заеднички напори на Министерството за надворешни и европски работи и Министерството за здравство со украинските власти е пренесен на безбедно, од каде ќе му биде обезбеден превоз и ќе продолжи неговото патување во Хрватска“.

На почеток