Свет

Вашингтон пост: Русија е се повеќе фрустрирана од однесувањето на Кина

Во текот на ноќта, се појави интересен извештај кој сугерира дека руските власти стануваат „сè повеќе фрустрирани“ од очигледното одбивање на Кина да му даде поголема поддршка на Путин. Додека Пекинг продолжува јавно да ја поддржува Русија и постојано ги нарекува западните санкции незаконски, Вашингтон пост цитираше кинески функционер кој ги опиша неодамнешните разговори меѓу двете земји како „напнати“.

Според извештајот, Кина се обидува да ги задржи своите силни односи со Русија, но истовремено избегнува да биде цел на санкции.

„Ќе биде многу тешко“, изјави висок американски функционер за Вашингтон пост. „И тоа не е доволно од руска гледна точка“, додаде тој.

Кина: Ќе дејствуваме во интерес на кинескиот народ
Во меѓувреме, извор од Пекинг со директно познавање на ситуацијата изјави дека администрацијата на претседателот Си Џинпинг не е подготвена да и пружи неограничена помош на Москва по инвазијата на Украина.

„Кина јасно ја кажа својата позиција за ситуацијата во Украина и за незаконските санкции против Русија“, рече изворот. „Ги разбираме проблемите [на Москва]. Но, не можеме да ја игнорираме сопствената ситуација. Кина секогаш ќе дејствува во најдобар интерес на кинескиот народ“, додаде тој.

На почеток