(ФОТО) Запален Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола

Од
Објавено на

Запален Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од истиот и се апелираше институциите во најбрз можен рок да го расветлат случајот.
„Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михайлов” – Битоля.
Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!“, стои во објавата.
Клубот се отвори во април, со присуство на високи делегации од Бугарија. За Македонија, името на клубот беше карактеризирано како провокација. Реакции имаше и од граѓаните ширум државата.
