Македонија

Директорот на Агенција за разузнавање: Oтворањето бугарски здруженија во Македонија е провокација

Oтворањето бугарски здруженија во Македонија со имиња како „Цар Борис Трети“ или „Ванчо Михајлов“ е провокација и е во интерес на хибридни стратези, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу за „360 Степени“.

Според него, нивната цел е да го забават зачленувањето на земјава во ЕУ.

„Во целиот процес во изминативе 10-12 години јасна и видлива беше интенцијата на трети актери да го успорат процесот на зачленување на Македонија, Црна Гора и други држави во НАТО, исто како и во делот на Европската Унија. Конктретно, околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Република Северна Македонија, да се зачлени во Европската Унија“, вели тој.

На почеток